Реал победнички во Берлин, Олимпијакос ја „реши“ ЦСКА Москва

Реал Мадрид се зацврсти на втората позиција на табелата во Евролигата откако во 24. коло славеше со 97-103 на гостувањето против Алба Берлин.

„Кралевите“ до победата ги предводеа Рендолф и Керол со по 27 постигнати поени, а кај домашните се издвои Гиедраитис со 17 поени.

Олимпијакос пред своите навивачи ја победи ЦСКА Москва со 72-59 благодарение на одличната партија на Папаниколау кој мечот го заврши со 19 поени, 7 скока и четири асистенции. Кај гостите се издвои Мајк Џејмс со 20 поени и седум скока.

Се вчитува...