Кристијан Ериксен минатото лето остана во Тотенхем и поради големата желба да премине во редовите на Реал Мадрид, а мадридскиот клуб веќе во јануари е подготвен да ја доврши незавршената работа, пренесуваат шпанските медиуми.
Ериксен во текот на летото го информираше лондонскиот клуб дека сака да премине на „Сантијаго Бернабеу“, но клубот не му дозволи да преговара со нив, со што предизвикаа незадоволство кај Данецот кој на почетокот на новата сезона е далеку од препознатливата форма. Бидејќи Ериксен не сака да потпише нов договор со клубот, претседателот на Тотенхем, Даниел Леви е отворен за преговори за негово заминување, а Реал би можел сето тоа да го искористи уште во јануари.
На екипата на Зинедин Зидан под итно им е потребен средниста кој ќе донесе креативност, енергија и брзината во тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА