Реал преку видео го претстави „Бермудскиот триаголник“ на Анчелоти (ВИДЕО)

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти подели супер комплименти за триото Модриќ-Крос-Касемиро по победата над Јувентус, нарекувајќи го ова трио – фудбалски „Бермудски триаголник“.

Италијанскиот стручњак истакна дека е воодушевен од начинот на кој триото соработува и ја крие топката од противникот, по што Реал Мадрид сподели видео со кое ја илустрираше оваа изјава.

„Касемиро, Крос и Модриќ ги викам Бермудски триаголник бидејќи топката исчезнува кај нив. Овој тим никогаш нема да ги изгуби гладот за трофеи се додека ги има овие тројца“, потенцираше Италијанецот.

Реал Мадрид преку социјалните мрежи објави сегмент од дуелот со Јувентус, на кој на дело се гледа моќта на „триаголникот“.

 

 

Се вчитува...