Реал Мадрид мора да донесе четири важни одлуки ова лето, од кои една разреши денеска, пишува шпански АС.
Договорите на Тибо Куртоа, Дани Карвахал, Антонио Ридигер и Давид Алаба истекуваат во 2026 година, па затоа треба добро да се одлучи како ќе се продолжи со овие фудбалери.
Една дилема е решена, со тоа што 33-годишниот Куртоа денеска го продолжи договорот до јуни 2027 година.
Иднината на 34-годишниот Карвахал е неизвесна по доаѓањето на Трент Александар-Арнолд. Ситуацијата со Алаба (34) е „најделикатна“, бидејќи Австриецот сега е само петти избор на позицијата стопер, додека Ридигер (33) има долгорочна загриженост за неговата физичка подготвеност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

