Актуелниот светски клупски првак Реал Мадрид се пласира во финалето на Светското првенство за клубови кое се игра во Абу Даби, откако во еден неверојатно необичен натпревар ја совлада Ал Џазира, тимот од Обединетите Арапски Емирати со 2-1. „Кралевите“ се бламираа, губеа по првиот дел, промашуваа можеби како никогаш досега, а во вториот дел сепак малку одиграа посериозно и на крајот ја завршија задачата. Во финалето ќе ги одмерат силите против бразилскиот тим Гремио.
На самиот старт од мечот, Реал Мадрид имаше неколку колосални шанси. Роналдо, Бензема, Модриќ шутираа, дел од ударите не завршија во рамките на голот, но и чуварот на мрежата на Ал Џазира, Хусани Ал – Касеиф, бранеше фантастично.
Ал Џазира можеше да го помине центарот само по грешка на Реал Мадрид, а таква грешка се случи во 41.минута, Кашемиро и Варан реагираа очајно, по што Ромарињо го шокираше Кејлор Навас и постигна погодок за водство.
Во вториот дел, сепак, Реал Мадрид го сврте резултатот во своја корист. Бензема погоди неколку пати во стативата, се редеа шанси, а Роналдо израмни во 53.минута. На победничкиот гол се чекаше до 82.минута. Герет Бејл, кој го замени Бензема само една минута претходно, успеа да ја затресе мрежата на Ал Џазира за конечни 2-1.
Gareth Bale 2-1!! #RMCWC #HalaMadrid pic.twitter.com/GKiUJCWx9q
— RealMadrid #APorLa13 (@ilmou1) December 13, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА