Реал се избламира во регуларниот дел, па со три гола во продолженија до четвртфинале во Купот на Шпанија (ВИДЕО)

Реал Мадрид дури по продолженија си обезбеди место во четвртфиналето од Купот на Шпанија, триумфирајќи со 5-2 во осминафиналната пресметка против Селта Виго. Претходно во регуларниот дел мечот заврши 2-2, откако „кралевите“ во последните седум минути испуштија предност од 2-0.

А, се почна одлично за Реал откако Килијан Мбапе донесе предност од 1-0 со убавиот погодок уште во 37. минута од средбата.

Но, на крајот во последните десет минути тотален колапс на „кралевите“. Бамба во 83. минута успеа да го намали резултатот на 2-1.

А, потоа во 91. минута Алонсо од пенал донесе 2-2 за Селта и продолженија на осминафиналната пресметка на „Сантијаго Бернабеу“.

И во продолженијата игра каква доликува за Реал Мадрид. Во 108. минута погоди Ендрик за 3-2, потоа во 112. минута стрелаше и Валверде, а во 119. минута и втор гол на Ендрик за конечни 5-2.

Се вчитува...