Актуелниот договор на Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид, истекува на крајот на сезоната, а се уште нема преговори за продолжување на соработката. Рамос може да преговара со други тимови од 1 јануари, засега чека понуда од Флорентино Перез, но последните информации од Шпанија говорат дека првиот човек на Реал се откажал од намерата да го задржи капитенот на „Сантијаго Бернабеу“.
Перез погледите ги насочил кон ангажман на нов дефанзивец, а изборот паднал врз Пау Торес. Фудбалерот на Вилјареал според реномето е далеку зад Рамос, но „кралевите“ веруваат дека тој може да биде долгорочен наследник на големиот ас. „Жолтата подморница“ не сака ни да чуе за продажба на својот главен дефанзивец, но Торес има клаузула за раскин во висина од 50 милиони евра што „кралевите“ планираат да ја активираат во текот на летото.
„Некој ќе мора да објасни како и зошто дојдовме до оваа ситуација, капитенот и легендата на клубот да биде на оваа апсурдна листа на играчи кои од денес можат да потпишат за кој било друг клуб“, напиша Рене Рамос, брат и агент на капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

