Реал се засилува со Енди Робертсон од Ливерпул за 40 милиони фунти

Реал Мадрид нема премногу да го менува составот во летниот преоден рок, но левата бековска позиција, која тренерот Карло Анчелоти ја истакна како круцијална, сигурно ќе мора да се пополни со нов фудбалер. А, изборот на „кралевите“, според англиските медиуми, е фудбалерот на Ливерпул, Енди Робертсон.

29-годишниот Робертсон би можел да биде првото засилување за Реал во јуни, за кого тимот од Мадрид е подготвен да издвои 40 милиони фунти.

Шкотскиот репрезентативец на Енфилд пристигна во 2017 година од Хул сити, а претходно играше за Квинс Парк и Данди јунајтед.

Се вчитува...