Реал шокиран: Спектакуларен гол на Сатриано со кој го замолкна „Бернабеу“ (ВИДЕО)

Голем кикс на Реал Мадрид во трката за шампионската титула во Ла Лига со Барселона.

„Кралевите“ во 26.коло од шампионатот загубија со 0-1 на „Сантијаго Бернабеу“ во градската пресметка од Гетафе, и тоа првпат по цели 18 години.

Стрелец за победа на гостите беше Сатриано во 39. минута постигнувајќи спектакуларен гол, ретко виден на фудбалските терени.

Во второто полувреме Реал силно атакуваше на голот на противникот, барем за бод од мечот, но гостинската одбрана во неколку наврати одлично реагирајќи, пред се и благодарение и на голот Сорија, успеа да ја зачува победата.

Реал сега, заостанува четири бода зад Барселона во трката за титулата во Ла Лига.

Се вчитува...