Реал Мадрид успеа да извлече победа од 2-1 пред своите навивачи против Рајо Ваљекано во Ла Лига, благодарение на голот на Килијан Мбапе од пенал во 100. минута од средбата.
На тој начин домашните фудбалери успеаја барем малку да го смират огромниот револт на „Сантијаго Бернабеу“ кој со силни свирежи го испрати целиот натпревар на ѕвездите на Реал.
А, „кралевите“ се очекуваше да дојдат до победата уште од стартот, посебно по прекрасниот гол на Винисиус Жуниор уште во 15. минута од средбата.
Сепак, во второто полувреме, Де Фрутос погоди за Рајо за израмнување, 1-1.
Од 80.минута Реал играше и со фудбалер повеќе, по исклучувањето кај гостите.
Беа досудени девет минути судиско продолжение, и токму во 99.минута беше досуден пенал за Реал, кој во 100. минута успешно го реализираше Мбапе за победа од 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

