Актуелниот европски првак Реал Мадрид пристигна во Кардиф со една цел – да го одбрани трофејот, и да стане првиот клуб во историјата што ќе успее да оствари таков успех. Тренерот Зинедин Зидан ги има на располагање сите ѕвезди, Кристијано Роналдо како предводник, Серхио Рамос како столб во одбраната и капитен, а се опорави и Герет Бејл, кој чека шанса да заигра во големото финале.
„Еве сме во Кардиф. Дојдовме да испишеме историја“, порача капитенот Серхио Рамос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА