Реал Мадрид останува во игра во трката за титулата во шпанскиот шампионат откако во драматичен меч во судиското продолжение стигна до цел плен против Селта, славејќи со 1-2.
„Кралевите“ први поведоа преку Чуамени, но Селта уште во првото полувреме израмни со голот на Иглесијас. Домашниот тим има за што да жали ако се земат во предвид неколкуте одлични шанси што остнааа неискористени во вториот дел, вклучувајќи го и погодениот дирек на Јаго Аспас.
Канзата стигна во 94. минута, откако една топка на дваесетина метри од голот на Селта стигна до Валверде, Уругваецот шутираше силно, погоди еден од домашните дефанзивци кој го измами сопствениот голман и топката на крајот заврши во мрежата.
Реал по овој триумф има еден бод помалку во однос на Барселона, но и меч повеќе во однос на каталонците кои утре во Билбао против Атлетик ќе го играат својот натпревар од оваа 27. рунда во Примера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

