Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос наскоро треба да донесе одлука дали ќе потпише нов договор со тимот на „кралевите“ или ќе одлучи да се повлече од професионалниот фудбал со цел да замине во пензија.
Медиумите од Шпанија велат дека трансфер во друг клуб не е опција. Челниците на Реал Мадрид се задоволни од играта на Германецот и веќе имаат подготвено нов едногодишен договор, па сега ја чекаат одлуката на Крос за неговата иднина.
Се очекува Крос да пресече по Мундијалот во Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

