Реал Мадрид продолжува со ангажманот на врвни засилувања за наредната сезона откако „кралевите“ по Џанан Муса и Серхио Родригез донесоа уште еден одличен кошаркар во своите редови. Станува збор за Марио Хезоња, 27-годишниот хрватски кошаркар кој потпиша двогодишен договор со актуелниот европски вицепрвак.
Хрватот пристигнува во Мадрид од редовите на Уникс Казањ, тим каде Хезоња беше еден од најдобрите играчи, но реши да си замине од Русија по исфрлањето на клубовите од оваа земја од Евролигата. Тој пред неколку дена доби раскин на договорот со Уникс, по што веќе немаше никаква пречка за денеска да биде официјализиран трансферот во Реал Мадрид.
Хезоња пред Уникс го носеше и дресот на Панатинаикос и на Барса, а на почетокот од кариерата беше дел од младинската академија на Барселона. додека во НБА-лигата беше член на екипите на Орландо, Њујорк и на Портланд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА