Реал Сосиедад му направи огромна услуга на Реал Мадрид во битката за титулата во Ла Лига, откако го совлада тимот на Барселона, па сега разликата меѓу двата ривали е еден бод.
Спектакуларен натпревар одиграа двата тима, а веднаш само што стартуваше мечот, на Ојарзабал му беше поништен гол. Потоа два поништени голови на Барселона, па водство на Сосиедад.
Ојарзабал најдобро се снајде и со волеј го совлада Гарсија по центаршут на Гуедеш.
Следуваше и досуден пенал за Барселона, а потоа и поништен поради тоа што Јамал се најде во недозволена ситуација.
Барселона успеа да израмни во 70. минута. На додавање на Јамал, Рашфорд донесе егал. Сепак, само што тргнаа од центарот Гуедеш ја користи мешаницата во шеснаесетникот и одбиената топка на Гарсија, за ново водство за Реал Сосеидад.
До крајот на мечот Барселона два пати ја погоди рамката од голот. Кунде ја погоди пречката, а Рашфорд во 93. минута ја погоди и стативата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

