Реал Сосеидад му врачи отказ на тренерот и назначи нов

Реал Сосеидад одлучи да го отпушти тренерот Серхио Франциско, кој нема повеќе да ја предводи оваа екипа. Неговиот асистент Хосу Ривас исто така доби отказ од раководството на екипата од Сан Себастијан.

Франциско повеќе од 11 сезони беше дел од Сосиедад, најпрво како тренер во академијата, а потоа и како предводник на сениорската екипа.

„Сакаме официјално да ја изразиме својата благодарност за професионализмот, посветеноста и заложбата што ги покажа Серхио Франциско, како за време на неговиот мандат како главен тренер на првиот тим, така и во текот на неговите долгогодишни обврски во клубот. Реал Сосиедад му посакува на Серхио Франциско многу успех во неговата иднина, и на личен и на професионален план“, изјавија од Реал Сосиедад.

Исто така за нов тренер на клубот е именуван Џон Ансотеги, кој е моментално тренер на Б тимот на Сосиедад, и ќе го води тимот до Божиќ, а потоа тимот ќе одлучи околу тренерската позиција.

Се вчитува...