Каталонскиот гигант Барселона се обидува да го искористи таканаречениот „медицински џокер“ и да ангажира нов напаѓач од Шпанија откако остана без Луис Суарез и без Осман Дембеле за вториот дел од сезоната. Но, потрагата не оди така лесно. Тренерот Кике Сетиен е расположен да го доведе Вилијан Хозе, голгетерот на Реал Сосиедад, но клубот за него одреди отштета од 35 милиони евра. Тоа во моментот се чини дека е скапа варијанта за Барселона.
Каталонците нудат 23 милиони евра и плус дополнителни бонуси во зависност од успесите што фудбалерот би ги остварил како член на Барселона. Најверојатно ќе се насочат кон другите варијанти, поранешниот фудбалер на Арсенал Лукас Перез, потоа Анхел Родригез или Луис Суарез од Сарагоса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

