Дује Чалета-Цар е пред трансфер во Реал Сосиедад од редовите на Лион, пренесува доброупатниот Фабрицио Романо. Преговорите се во завршна фаза и само детали го делат Хрватот од преслеба во Шпанија.
За 28-годишникот тоа би било прв ангажман на пиринејскиот полуостров откако претходно настапуваше и за Шибеник, австриски Јуниорс, Ред Бул Салцбург, Марсеј и Саутемптон.
Чалета-Цар одигра и вкупно 33 натпревари за репрезентацијата на Хрватска со која во 2018 година го освои сребрениот медал на Светското првенство кое се одржа во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

