Реал Сосиедад го освои „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид очајно лошо ја почна 2019 година и на ремито против Вилјареал (2-2) надоврза пораз на „Сантијаго Бернабеу“ од Реал Сосидедад. Гостите славеа со 0-2 и го загорчија животот на Сантијаго Солари и неговите фудбалери. Сега „кралскиот клуб“ со 30 бода се наоѓа на петтата позиција на табелата и доколку Барселона вечерва го совлада Хетафе, ќе доцни огромни десет бода во однос на каталонскиот гигант кој е лидер во Ла Лига.

Вилијан Жозе во третата минута од пенал го доведе Реал Сосиедад во водство. Реал Мадрид имаше свои шанси преку Винисиус и Бензема, потоа Лукас Васкез го погоди дирекот, а гостинскиот голман Џеронимо Рули беше фантастичен.

Лукас Васкез во 61.минута беше исклучен поради два жолти картони, а Рубен Пардо тоа го искористи во 83.минута постигнувајќи го вториот гол за Реал Сосиедад, за голем триумф на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...