Реал Сосиедад ја реши и Мајорка (ВИДЕО)

Реал Сосиедад славеше над Мајорка со минимални 1-0 во натпревар од 10. коло во шпанската Ла лига. Клучниот момент во натпреварот се случи уште во 4. минута кога Мерино донесе водство за домаќините од 1-0.

На крајот овој гол се покажа како клучен за петтиот триумф во низа на Баскијците. За издвојување од второто полувреме е и поништениот погодок на гостите во 58. минута кога Ндиаје го фаулираше противничкиот фудбалер.

Со оваа победа Сосиедад се израмни на првенствената табела на втората позиција со Барселона со по 22 бода.

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...