Реал Сосиедад конечно успеа да врзе две победи во Ла Лига уште од ноември 2023, со што тимот од Сан Себастијан конечно покажа знаци на живот во трката која значи и пласман во европските кипови следната сезона. Кадиз вечерва не беше достоен ривал за „сино-белите“, кои доминираа од почеток до крај и заслужено славеа со 2-0.
Домашниот состав создаде неколку убави шанси пред конечно да поведе по триесетина минути игра, по еден брзо изведен корнер Ојарзабал мајсторски го проигра Мерино, кој од десетина метри ја смести топката под гредата во мрежата од гостинскиот гол.
Постигнатиот гол не значеше и прекин на иницијативата на домашниот состав, голманот на Кадиз имаше две одлични интервенции, но и тој беше немоќен по извонредната акција на Реал Сосиедад во 68. минута, кога по новото мајсторско додавање на Ојарзабал на вистинското место се најде „резервистот“ Захарјан, кој две минути по влегувањето во игра стрелаше прецизно и ја запечати победата на својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

