Реал Сосиедад преку Мајорка до петтата победа во Ла Лига (ВИДЕО)

Екипата на Реал Сосиедад стигна до петтиот триумф во сезоната во Ла Лига, откако на свој терен го совлада тимот на Мајорка. Минимална победа на крајот од 1-0, со голот на Мендез во 64. минута. 

Победата можеше да биде поубедлива, меѓутоа му беше поништен гол на Ојарзабал само седум минути по единствениот погодок.

Гостите и покрај поразот имаа неколку шанси да го избегнат поразот и да дојдат барем до бод, но не успеаја да реализираат од петте удари кои ги упатија во рамките на голот на противникот.

Се вчитува...