Реал Сосиедад во 97. минута се спаси од пораз од Алавес (ВИДЕО)

Реал Сосиедад за малку ќе имаше кошмарен старт на 2024 откако на домашен терен имаше негатива од Алавес, се до 97. минута, кога постигна гол и се спаси од пораз. Домашниот тим играше и со играч помалку од 36. минута кога голманот Ремиро доби црвен картон поради играње со рака надвор од шеснаесетникот.

Алавес дојде до предност во 76. минута кога Риоха од пенал постигна гол. Зубименди во седмата минута од судиското надополнувње успеа да погоди и да го спаси домашниот тим од пораз.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...