Реал Мадрид пред неколку дена остана без својот играч од средниот ред Касемиро кој замина во Манчестер Јунајтед. Сите медиуми пишуваа дека тоа ќе биде последната „голема работа“ околу трансферите во таборот на „кралевите“ ова лето. Но, мали трансфери би можеле да се случат до крајот на преодниот рок до 1. септември.
И покрај тоа што Реал Мадрид нема проблеми како Барселона, сепак, сака да се ослободи од неколку играчи кои се „вишок“ во соблекувалната, се со цел да го ослободи буџетот за плати. „Кралевите“ сакаат да се ослободат од Марко Асенсио, Алваро Одриозола и Мариано Диаз. Токму Диаз е играч кој е прв на излезна врата, со оглед дека никогаш немал голема улога во таборот на европскиот првак.
Сепак, проблемот е тоа што Диаз не сака да си замине од клубот, и сака да го одработи договорот до крај. Причината е тоа што сличен договор не може да добие на друго место, па е подготвен следната година да седи на клупата и да прима плата во Реал, отколку некаде да игра за помала плата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

