Реал може да му се заблагодари на фудбалерот на Гетафе, Алан Најом, за триумфот во предградието на Мадрид.
Тимот на Чаби Алонсо се мачеше со Гетафе до самиот крај, кога на сцена стапи францускиот дефанзивец.
Најом влезе во игра во 76. минута, а веќе во 77. минута доби директен црвен картон. Помина 37 секунди сам на теренот пред невнимателно да го удри Винисиус во лицето, а потоа да оди во соблекувалната.
Реал брзо ја искористи својата бројчена супериорност и стигна до три бода во 80. минута преку Килијан Мбапе.
Самоуништувањето на Гетафе го комплетираше Алекс Санкрис во 84. минута, кога заработи втор жолт картон и исклучување, исто така поради старт врз Винисиус.
Allan Nyom comes on and instantly gets sent off with a red LMAOOOO pic.twitter.com/147C1CisnP
— CAPTCHA 🪅 (@FootyFilmz) October 19, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

