Реал Мадрид прокнижи нови бодови во Примера дивизион откако актуелниот првак на домашен терен славеше над Алавес со 3-2. „Кралевите“ делуваа сигурно се до пет минути до крајот, кога набрзина примија два гола, па во финишот се мачеа да ја задржат минималната предност против аутсајдерот на „Сантијаго Бернабеу“.
Избраниците на Анчелоти на последните средби се мачеа во првото полувреме, но вечерва тоа не беше случај откако го отворија резултатот уште во првата минута, Лукас Васкез беше стрелец на асистенција на Винисиус. Гостите беа принудени да ја отворат својата игра, а Реал го искористи тоа и пред крајот на полувремето зголеми на 2-0 преку Мбапе, по одличното двојно додавање со Белингем.
Родриго се снајде одлично стрелајќи прецизно за 3-0 и се чинеше дека задачата е завршена и погледите се вртат кон градското дерби со Атлетико закажано за викендов. Алавес не се откажа и за две минути успеа да даде два гола и да намали на 3-2, но избраниците на Анчелоти успеаја да издржат во финишот и да освојат три бода на овој дуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА