Реал триумфално со Барса, сега само на чекор од титулата во Шпанија

Кошаркарите на Реал Мадрид водат со 2-1 во финалната серија од битката за титулата во Шпанија, откако во третиот меѓусебен дуел триумфираа на домашен терен против Барселона.

„Кралскиот“ клуб славеше против Каталонците со 81-66 за предност во серијата.

Од самиот почеток домашните кошаркари наметнаа победнички ритам кој го одржуваа до крајот на мечот. Најефикасен во победничкиот тим беше Дек со 14 поени, а кај Барселона се издвои Кајл Курик со 15 поени.

Сега и следниот четврти натпревар од серија се игра во Мадрид. Доколку Реал слави на следниот натпревар ќе ја прослави титулата во Шпанија.

Се вчитува...