Јасно е дека Реал Мадрид од идната сезона ја почнува ерата без Лука Модриќ. Хрватот најави дека по завршувањето на шампионатот заминува од таборот на „кралевите“ после 12 години минати во клубот, и освојување на се што може да се освои.
Причината зошто Модриќ го напушта Реал е наводно што клубот сака подмладување. Токму од тука Флорентино Перез веднаш тргнал по неговата замена. Изборот паднал на Енцо Фернандез од Челси. Одличниот Аргентинец пристигна во таборот на лондонските „сини“ од Бенфика, и сега е на радорот на Реал Мадрид.
Меѓутоа Перез добил негативен одговор од Лондон. Челси соопштил дека Фернандез нема да замине од клубот, и дека на него ќе се гради иднината на клубот. Челси исто така ќе прави ремонт ова лето, меѓутоа Аргентинецот не е еден од оние кои ќе заминат од таборот на „сините“, па Реал ќе мора да бара друго решение.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

