Кошаркарите на Реал Мадрид го запиша и вториот пораз во низа во Евролигата, овој пат во 20. коло на гостински терен од руски Химки со 102-94.
Русите до триумфот ги предводеше Алексеј Швед со 21 поен, а Девин Букер постигна 15 поени.
Барселона славеше на гостувањето против Фенербахче со 74-80, благодарение на одличниот Виктор Клевер кој постигна 17 поени. Кај домашните Никола Калиниќ и Нандо Де Коло запишаа по 12 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА