Реал Мадрид со неверојатна последна чевртина успеа да спречи сензација на домашен терен против француски АСВЕЛ добивајќи го 91-84. Иако 30. минути францускиот тим беше подобар противник, „кралевите“ со фуриозен последен период успеаја да се вратат во мечот и да стигнат до конечен триумф. Серхио Љуљ со 19 поени беше најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Норис Кол заврши со 21 поени.
Баерн Минхен стигна до деветата победа сезонава откако во интересен меч на домашен терен го совлада московски Химки со 80-77. Болдвид со 19 поени беше прво име во победничкиот табор, додека Зипсер уфрли еден помалку. Кај поразените Алексеј Швед заврши со 20 поени со кои беше и најефикасен на мечот, додека Монро уфрли 18.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА