Реал во офанзива: Флорентино Перез подигнал кредит од 100 милиони евра за да го купи Нејмар

Реал Мадрид тргнува во финална офанзива за ангажман на Бразилецот Нејмар. Во текот на денешниот ден, претседателот Флорентино Перез ја добил и финансиската поддршка за ваква акција. Тој успеал да подигне кредит во износ од 100 милиони евра кој му беше неопходен за да може да достави конкретна понуда до Пари Сен Жермен.

Раководството на „кралевите“ се обиде да води преговори и за евентуална размена, понуди неколку играчи како Иско, Марсело и Варан, но ПСЖ инсистира да добие најмалку 100 милиони евра во кеш за да може да купи соодветна замена.

Барселона исто така се обидува да го врати Нејмар на „Камп Ноу“. Но, засега ПСЖ повеќе преферира да го продаде Бразилецот во мадридскиот клуб.

Се вчитува...