Реал во проблеми: Остана без победа, но и без Џуд Белингем

Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем е под голем знак прашалник за натпреварот со Брага во среда. Англичанецот го изместил рамото на дуелот со Рајо Валјекано, каде што „кралевите“ останаа без победата, и без планираните три бода.

Тренерот Карло Анчелоти дури пред самиот меч ќе одлучи дали ќе смета на дуелот со Португалците.

И покрај повредата, Белингем успеа да го одигра целиот меч против Столе Димитриевски, кој е прв кој го сопре тимот на Реал Мадрид. Лекарските служби потврдија дека рамото не е изместено, но Англичанецот има болки.

Реал Мадрид сезонава не може да се замисли без 20-годишниот играч од средниот ред, по неговото доаѓање од Борусија Дортмунд.

Се вчитува...