Европскиот првак Реал Мадрид во своите редови има фудбалери кои освоиле вкупно 29 трофеи во Суперкупот на Европа, наспроти само еден на Манчестер јунајтед. Тоа е нормално ако се знае дека „кралевите“ во изминатите три години двапати се закитија со пехарот од УЕФА Суперкупот, во Трондхајм 2016 и во Кардиф 2014.
Роналдо, Бензема, Рамос, Бејл и најголем дел од останатите ѕвезди имаат по два трофеи во Суперкупот на Европа.
Од друга страна, единствено шпанскиот голман Давид Де Хеа во својата кариера го има освоено овој трофеј, и тоа во 2010 година како член на Атлетико Мадрид. Во финалето го совладаа Интер со 2-0, а Горан Пандев играше од 68.минута, кога влезе на местото на Дејан Станковиќ.
Манчестер јунајтед чека 26 години на пехар од Суперкупот на Европа. Последниот пат го освои во 1991 година, кога ја победи Црвена Звезда со 1-0, со голот на Брајан Меклер во 67.минута. Тогаш играа Шмајхел, Ирвин, Брус, Инс, Хјуз, Канчелскис, а во второто полувреме влезе младиот Рајан Гигс. За Црвена Звезда играа Дарко Панчев и Илија Најдоски, како и Савичевиќ, Југовиќ, Михајловиќ, Белодедиќ…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА