Иако имаше предност од 3-0 на полувремето против Леванте во 4. коло од Ла Лига, Реал Мадрид лесно можеше да ги прокоцка трите бода од мечот кој на крајот заврши со триумф од 3-2 на „кралевите“.
Реал постигна три гола во првото полувреме. Во одличниот прв дел Бензема стрелаше во 25. и во 31. минута а Кашемиро во 40. минута заокружи на 3-0…
Македонскиот репрезентативец Енис Барди влезе во игра во 56. минута на местото на Црногорецот Вукчевиќ, откако претходно Леванте во 48. минута намали на 3-1…
А, во 75. минута Мелеро ги постави конечните 3-2…
Но, Леванте немаше сила за комплетно изненадување и барем бода на крајот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА