Реал заинтересиран за Лаутаро Мартинез

Шпанскиот гигант, Реал Мадрид е заинтересиран за услугите на напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, пренесуваат шпанските медиуми. Аргентинецот и минатото лето беше на мета на „кралевите“, но раководството на клубот на крај се одлучи за српскиот интернационалец Лука Јовиќ.

Во главниот град на Шпанија размислуваат за замена на Карим Бензема, кој иако игра одлично сепак има 33. години и време е за подмладување на нападот. Мартинез сезонава во Интер игра одлично. На 28 натпревари постигна 16 гола, а покрај Реал Мадрид за него се заинтересиран и најголемиот ривал Барселона. Каталонците имаат проблем бидејќи италијанскиот гигант за неговите услуги бара 115 милиони евра, сума која за „кралскиот клуб“ не претставува никаков проблем.

Лаутаро на „Џузепе Меаца“ пристигна во 2018 година, а годинава со Интер е на добар пат да го освои трофејот во Серија А.

Се вчитува...