И во третиот натпревар од Лигата на Европа, „вардарци“ успеваат единствено да ги разочараат своите навивачи и македонската фудбалска јавност… Убедливиот пораз и од Реал Сосиедад од 0-6 само потврдува дека ваквиот Вардар е далеку од можност за вистинско европско надигрување!
По трите убедливи порази и веќе срамната гол-разлика од 1-14, единствениот заклучок е дека „црвено-црните“ ниту најмалку не може да понудат моменти за задоволство за своите навивачи. Што е најтрагично, можеби и не се толку важни поразите, но начинот на кој фудбалерите се однесуваат на терен, без ниту најмала желба за надигрување, без дрскост, без храброст, без мотив кој, пак, можеше да се забележи низ квалификациите за Лигата на Европа.
Вардаровите фудбалери и Чедомир Јаневски пред мечот најавија борба за први бодови па дури и за триумф над Реал Сосиедад. Ништо од тоа не исполнија!
[new_royalslider id=”816″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

