Германскиот првак Баерн Минхен се бори за шампионската титула во Бундес-лигата, но веќе ги планира и засилувањата за летниот преоден рок. Тренерот Нико Ковач сака на „Алијанц арена“ да го доведе хрватскиот интернационалец Анте Ребиќ. Тој треба да биде освежување на крилните позиции, со оглед дека од тимот по една деценија ќе си заминат Арјен Робен и Франк Рибери.
Ковач многу добро ги знае квалитетите на Ребиќ од Ајнтрахт Франкфурт и верува дека тој одлично би се вклопил во составот на Баерн Минхен. Тој се фокусираше кон својот сонародник откако првата желба, Калум Хадсон – Одои од Челси заработи сериозна повреда и ја скина Ахиловата тетива.
Анте Ребиќ има договор со Ајнтрахт Франкфурт до 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА