Ребиќ сепак нема да биде нов фудбалер на Хајдук

Иако се чинеше дека Анте Ребиќ е се поблиску до спектакуларно пристигнување на „Пољуд“, денеска се појави веста дека Хајдук и поранешниот хрватски репрезентативец не можеле да се договорат за парите.

Според хрватските медиуми, спортскиот директор Вучевиќ бил подготвен да понуди максимум 400.000 евра годишно, додека Ребиќ барал најмалку 750.000 со бонуси.

„Ме викате да бидам главно засилување, а ми нудите договор речиси двојно помал од некои играчи. Не зборувам за Ливаја“, наводно кажал Ребиќ. 

Се вчитува...