Ребров мора да менува: Русин на местото на Јармоленко за мечот со Македонија

Украинскиот селектор Сергеј Ребров беше принуден да направи измена во составот на оваа национална селекција пред натпреварот со Македонија што ќе биде одигран на неутрален терен во Прага на 14 октомври.

Андреј Јармоленко требаше да биде стартер на Украинците, но искусниот фудбалер поради повреда отпадна од комбинација за овој натпревар. На негово место дополнително е повикан Назариј Русин, 24-годишен напаѓач кој своевремено беше дел од кадетската и младинската репрезентација, а сега за првпат ќе биде во комбинација за настап за А-селекцијата на Украина.

Русин мина извесно време во Легија Варшава, од каде си замина поради конфликт со тренерот. Тој ја мина ланската сезона во тимот на Зорија постигнувајќи 14 погодоци на 32 натпревари, а летово се пресели во редовите на Сандерленд во англиската Чемпионшип-дивизија.

Се вчитува...