Ребров: Мораме да бидеме посконцентрирани од првиот меч во Скопје

ЕКИПА во Прага
Горан Бошев

ФОТО: Роберт Спасовски

Македонскиот национален тим утре ја очекува натпревар со Украина во 6. коло во квалификациите за пласман на ЕП 2024 година во Германија.

Селекторот на Украинците, Сергеј Ребров на официјалната прес-конференција пред мечот вели дека на овој дуел неговите фудбалери мора да влезат многу посконцентрирано, отколку на првиот меч во Скопје во кој имаа негатива од 2-0.

„Дуелот во Скопје беше првиот официјален меч за мене.  Ја видов желбата на играчите, но првиот меч е секогаш тежок, важно е да стекнете доверба во своите способности уште од првите минути. Добро е што се вративме во игра во вториот дел. Но, ги анализиравме нашите грешки и сега мораме поинаку да го започнеме натпреварот. Сигурен сум дека играчите го разбираат ова и ќе играат поконцентрирано. Искрено не ме интересира табелата во нашата група. Размислувам на секој следен натпревар. Во моментов најважен ми е дуелот со Македонија“, изјави Ребров. 

Околу ситуацијата во тимот тој вели дека нема да може да смета на Сергеј Кривцов поради повреда на грбот на искусниот дефанзивец.

„Што се однесува до здравствениот билтен, Кривцов има повреда на грбот поради која нема да може да настапи на овој меч. Останатите фудбалери ќе бидат во игра за настап на мечот против Македонија“, изјави Ребров.

Натпреварот меѓу Украина и Македонија кој ќе се игра во Прага е закажан за утре со почеток во 15 часот.

Се вчитува...