Романија ја демолираше Украина во првиот натпревар од групата „Е“ на Европското првенство во Германија. Романците славеа со 3-0 притоа постигнувајќи и два еврогола кои долго ќе се вратат по најавните шпици.
Селекторот на Украина, Серхиј Ребров не беше задоволен од прикажаното на неговите избраниците, а имаше и смешно алиби за поразот.
„За жал претрпевме пораз. Ќе го анализираме натпреварот и ќе разговараме за тоа што се случи, но ова не е последен натпревар. Не се снајдовме во некои сегменти од играта и поради тоа загубивме. Имавме посед, но не создававме шанси. Никој не очекуваше ваков резултат. Романија е добра репрезентација. Го кажав тоа и вчера на пресконференцијата за медиуми, тоа е фудбалска нација. Знаат да играат фудбал и тоа го покажаа во овој натпревар“, изјави Ребров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА