Ребров: Украина не е фаворит, Македонија е силна репрезентација

Украинскиот селектор Сергеј Ребров, на денешната прес-конференција во Скопје кажа дека ја почитува селекцијата на Македонија, потсетувајќи на победата на нашата репрезентација над Италија во март минатата година во баражот за Светското првенство.

Сепак, украинската легенда посочува дека неговата репрезентација мора да ги поправи грешките од дуелот со Германија.

„Мислам дека сите ја познаваат репрезентацијата на Македонија. Знаеме дека ја победи Италија. Ние мора да бидеме сконцентрирани на нашата игра и да ги поправиме грешките што ги направивме со Германија. Не мислам дека сме фаворити, бидејќи Македонија е силна репрезентација и мораме да одиграме сконцентрирано. Утре очекувам малку поинаква игра од мечот со Германија. Очекувам од утрешниот натпревар добар отпор од Македонија“, рече украинскиот селектор.

Се вчитува...