Украинската фудбалска репрезентација со триминутен пресврт во финишот од мечот против БИХ, славеше победа во Зеница, и така обезбеди финален бараж за пласман на ЕП 2024 година. Украина имаше негатива до 85 минута, а потоа со два брзи гола успеа да направи пресврт и да го добие овој меч.
Селекторот на Украина, Сергеј Ребров по мечот истакна дека сакале да донесат малку среќа за својата земја, врз која во изминатата ноќ паднале 330 ракети во конфликтот со Русија.
„Игравме против многу добра селекција која ја промени формацијата. Бевме подготвени, а додека го дадовме тој прв гол, одбраната на БИХ беше многу добра. Ставивме уште еден напаѓач, и тоа се покажа како успешно. Очекувавме ваков натпревар и тежок протиник. Не сметам дека БИХ се победи сама себе. Нашите играчи во нападот ја направија разликата. Можеби промена на формацијата на БИХ беше проблем. Во последните 15 минути имавме многу шанси од кои искористивме две“, рече Ребров и додаде.
„Пред мечот им кажав на играчите се надевам дека ќе им донесеме малку среќа на нашиот народ. Минатата ноќ бевме гранатирани, преку 330 ракети паднаа на нашите градови и тоа траеше цела ноќ. Нашата мисија е да покажеме дека се бориме против Русија на сите полиња“, рече селекторот на Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА