Фудбалската репрезентација на Украина стигна до првата победа на ЕП во Германија откако денеска славеа по пресврт над Словачка од 2-1 во меч од 2. коло во групата Е.
Селекторот на Украина, Сергеј Ребров, по натпреварот во Дизелдорф беше презадоволен од она што го направи неговиот тим, особено во вториот дел.
„Многу сум среќен за играчите и оваа победа. Добро реагиравме откако примивме гол. Игравме добро, но имаше и грешки. Сето ова е добро за емоциите на луѓето во Украина на кои им недостасува вакво нешто“, изјави Ребров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА