Ребров: Знаевме дека Македонија е силна, судијата беше одличен…

ЕКИПА во Прага, 

Горан Бошев

Украинскиот селектор Сергеј Ребров покажа респект за македонскиот национален тим упатувајќи комплименти за изданието на нашата репрезентација на дуелот во Прага.

„Знаевме дека Македонија е силна репрезентација, ние го респектиравме овој ривал уште пред мечот, во ниту еден момент не ги потценивме. Се покажа тоа и на самиот натпревар, Македонците на периоди ни создаваа многу проблеми, но успеавме да се одбраниме. Благодарност до Чешка и Прага кои ни овозможија да де чувствуваме како да сме дома“, изјави Ребров на прес-конференцијата по натпреварот.

Македонскиот селектор доби жолт картон поради приговор кон арбитрите по еден недосуден прекршок над Адеми, но Ребров имаше пофални зборови за словенечкиот арбитар Винчиќ.

„Судијата беше одличен, иако на моменти дозволуваше агресивна игра“, истакна украинскиот селектор.

Се вчитува...