Минатогодишниот добитник на наградата за „Најдобар спортист на Македонија“, Стојанче Стоилов синоќа демонстративно го напушти годинашниот избор организиран од Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортови на Македонија, револтирано реагирајќи на „двојазичноста“ за време на манифестацијата.
Стоилов ја напушти манифестацијата уште при доделувањето на првите две награди за училишен и за средношколски спорт кои ги добија училишта од Чаир и од Тетово. Тетовскиот добитник на признанието на присутните им се обрати на албански, па во тој моментот Стоилов револтирано си заминал…
„Се чувствувам засрамено и понижено“ – им напишал нешто подоцна искусниот ракометар во вибер-групата на соиграчите од репрезентацијата, кои се сместени во хотелот „Александар Палас, каде и се одржуваше манифестацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА