Првиот човек на Формула 1 тимот на Ред Бул, Кристијан Хорнер истакна дека австрискиот тим активно бара замена за Серхио Перез, чиј договор истекува во 2024 година.
Мексиканецот три години е совозач на Макс Ферстапен, а моментално е втор во генералниот пласман, но неколку лоши трки веднаш предизвикаа разговори за негово заминување од Ред Бул.
Перез беше најавен и за следната сезона, но очигледно е дека неговата позиција не е сигурна.
„Разгледуваме многу опции. Први на листата се возачите на Алфа Таури, Цунода, Рикардо и Лосон, но ги следиме и другите возачи“, изјави Хорнер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА