Ред Бул доминантно и на трката за ГН на Саудиска Арабија

И втората трка ни донесе еден-два победа за двоецот на Ред Бул, откако трикратниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен славеше и вторпат сезонава, овојпат на трката за Големата награда на Саудиска Арабија.

Ферстапен на убедлив начин стигна до свој нов триумф пред клупскиот колега Серхио Перез. И на оваа трка подиумот го надополни возач на Ферари, но за разлика од пред седум дена вечерва тоа беше Шарл Леклер, откако Карлос Сајнц поради операција на слепото црево ја пропушти оваа трка. Неговата замена, младиот 18-годишен Оливер Берман заврши на седмото место.

Во топ 10 уште имаше место и за: Пјастри, Алонсо, Расел, Норис, Хамилтон и Хулкенберг.

 

Се вчитува...