Шампионскиот тим на Ред Бул е последен од десетте партиципиенти во Формула 1 кој го претстави својот болид за новата сезона, и многумина изненади со дизајнот.
Ред Бул го отфрли возилото со кое доминираше во 2023 година и новиот РБ20 го дизајнираше донекаде по примерот на контроверзниот Мерцедес W14, кој минатата година не оствари ниту една победа, а самиот Мерцедес го отфрли за новата сезона. Сепак, од најугледните спортски медиуми во светот го доби предзнакот „најфутуристички болид во Ф1“.
Ред Бул минатата сезона победи во 21 од вкупно 22 трки, во кои 19 пати славеше шампионот Макс Ферстапен. Иако ова е потполно нов болид сега, Холанѓанецот е и тоа како задоволен, како што вели, крајно возбуден од новата насока кон која оди неговиот тим.
„Ова е нов поиновативен пакет. Времето ќе покаже дали е навистина добар, но од тоа што го видов сите се навистина пресреќни со производот. Лично бев изненаден затоа што е поприлично поинаков, не биле ниту најмалку конзервативни при креацијата, но навистина сум задоволен. Ова е контролирана агресивност“ – вели Ферстапен.
— Oracle Red Bull Racing (@redbullracing) February 15, 2024
Следниот викенд во Бахреин ќе се одржат последните тестирања, а новата сезона во Формула 1 која во 2024 година ќе има 24 трки, стартува токму со Големата награда на Бахреин на 2. март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА