Поранешниот европски ракометен шампион Кјелце се соочи со огромни финансиски проблеми по напуштањето на главниот спонзор поради кои мораше да продава играчи, а и беше на прагот на банкрот. Сега сите потешкотии се решение откако клубот го превзема Ред Бул.
Популарната компанија која има „царство“ во спортот ќе биде официјален спонор на полскиот тим кој во 2016 година ја освои Лигата на Шампиони и ќе го носи името Ред Бул Кјелце.
Освен споменатата титула во Лигата на Шампиони, Кјелце има и 20 титули во полскиот шампионат и 17 титули во тамошниот Куп.
Клејце ќе биде 13. спортски клуб кој ќе биде предводен од Ред Бул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

